Двете екс вардарки го срушија Есбјерг, ЧСМ Букурешт на колена во Германија

Денес во рамките од Лигата на шампионите во женска конкуренција беше комплетирано второто коло.

На денешните натпревари победа забележаа екипите на Крим, Битигхјам и Икаст.

Екипата на Крим предводен од екс членките на Вардар, Тамара Мавшар и Јованка Радичевиќ славеше против незгодниот тим на Есбјерг со 33:27 (15:12).

За потсетување, составот на Есбјерг важеше за фаворит во дуелот со Крим, во минатата сезона играше на Ф4 турнирот во ЛШ, но не успеа денес да ги освои бодовите.

Мавшар во дуелот со данскиот тим беше стрелец на осум погодоци, додека Радичевиќ реализираше четири пати.

За Крим победата над Есбјерг беше втора, откако во првото коло словенечкиот шампион славеше над дебитантот Заглебје Лубин.

Следен предизвик за избраничките на Драган Аџиќ ќе биде дуелот со Ференцварош, кој во минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите.

ЧСМ Букурешт беше изненаден на гостувањето во Германија кај Битигхјам, загуби со 26:24.

Лига на шампиони, жени, резултати, 2 коло:

група А
Ѓер – Дебрецин 35-23
Оденсе – Будуќност 39-24
Савехоф – Брест Бретањ 20-25
Битигхајм – ЧСМ Букурешт 26-24

група Б
Кристијансанд – Ференцварош 37-26
Рапид Букурешт – Заглебје 26-25
Крим – Есбјерг 33-27
Мец – Икаст 36-29