Два одложени натпревари од Суперлигата!

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп нема да се одигра во планираниот термин, вечерва од 18:00 часот.

Во битолскиот тим имаше четири позитивни случаи на Ковид-19, а дел од ракометарите се уште се немаат вратено на тренинзите. На последното тестирање утврден е уште еден нов случај, па РФМ реши да го прифати барањето на битолчани и да биде презакажан натпреварот.

Новиот термин е 5 ноември, а почетокот е од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Од вчерашното 6. коло во групата А од Суперлигата, нов термин доби и дуелот меѓу Астраион и КЛ7, кој ќе се одигра на 1 ноември од 20:00 часот. Струмичани би требало да сметаат на ракометарите што беа позитивни на коронавирус и комплетни да го пречекаат КЛ7.

Кога ќе се одиграат сите овие дуели, ќе останат за играње уште седум меча (четири на Пролет и три на Металург) за да биде комплетиран првиот круг од регуларниот дел во Суперлигата.