Двајца Босанци заминуваат од Еурофарм Пелистер

Следната сезона во Еурофарм Пелистер ќе играат само двајца репрезентативци на Босна и Херцеговина. Двајца од сегашните четворица Босанци, ќе си заминат од Битола на крајот на сезоната.

Станува збор за левиот бек Марин Вегар и десниот бек Невен Стјепановиќ. Вегар одамна е повреден и не е во Битола, а договорот што му завршува летово нема да биде продолжение.

Стјепановиќ сезонава се врати по долгата пауза поради повреда, но предност во составот на Жељко Бабиќ на десната бековска позиција имаа(т) Мартин Велковски и Матео Мараш. И неговиот договор завршува ова лето и најверојатно нема да биде продолжен.

Од претходно најавени заминувања се оние на голманот Градимир Чаневски и десното крило Мирко Радовиќ. Битолскиот тим досега промовираше четири засилувања – голманот Марко Кизиќ, десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ, средниот бек Немања Обрадовиќ и левиот бек Реиние Табоада.