„Да ја започнеме сезоната потребни ни се 25 милиони евра – а ние ги немаме“

Ракометната федерација на Германија донесе одлука за крај на актуелната сезона и веќе почна да размислува за наредната. Водечкиот Кил беше прогласен за шампион, нема испаѓање и лигата ќе се прошири.

Сепак изгледа дека пандемијата со коронавирусот нанесе огромна штета на најдобрата лига во светот во поглед на финансиите. Директорот на Бундес лигата го коментираше финансикиот проблем во пресрет на наредната сезона.

„Не е толку едноставно. За да ја започнеме лигата потребни ни се 25 милиони евра, но ние не ги заработивме. Ако ги имавме овие пари дефинитивно би ја започнале лигата во август, јас дури би се одлучил да позајмам. Знаете дека натпреварите со навивачи се забранети до 31 август, дали мислите дека треба да започнеме да играме?“, коментираше  Фрaнк Боман.

Властите во Германија забранија собирање во поголеми групи до 31 август за да се спречи ширењето на коронавирусот, а ова може да влијае и на одлуката за почеток на следната сезона во Бундес лигата.