Данските ѕвезди не ги сакаат наградите „играч на натпреварот“

Десниот бек Матијас Гидсел по мечот со Тунис од групната фаза беше прогласен за МВП откако постигна осум гола од 12 обиди.

На откако заврши доделувањето, сите присутни беа изненадени од неговата реакција. Наградата ја остави на подот во салата.

„Не заслужив тоа да го носам дома, не знам каде заврши наградата. Вообичаено ја давам на навивачите, не сакам да ја „влечам“ со мене. Наградите се даваат на оние кои ги сакаат – ја објасни својата одлука Гидсел во изјава за ТВ2.

Данска со една нога е во четвртфиналето, а на мечот со Египет ќе се бори за првото место во групата.