Данските клубови ги нарушиле ограничувањата, граѓаните пријавиле во полиција!

Од повеќе региони во Данска, ракометната федерација добила писма од полицијата  дека граѓани пријавиле за можно непочитување на правилото за забрана на присуство на гледачи на спортски натпревари.

Од декември 2020 година во Данска важи целосна забрана за присуство гледачи на јавни настани. Еден од водечките луѓе на федерацијата на Данска, Томас Кристенсен преку писмо ги предупреди клубовите, а го објави ТВ 2 Спорт.

„Можеби има луѓе во салите кои вршат некоја работа околу организацијата, но тие не мораат да бидат на трибините. Во секој случај не треба да има жени, девојки или деца. Нема потреба вработените да седат пред телевизиските камери, ве молиме поставете ги луѓето подалеку од нив. Истото важи и за звуците како аплаузи и извици, гледачите веруваат дека тоа е публика не дека е од вработените. Играчите нека не отпоздравуваат после натпреварите, тоа изгледа како да има навивачи во салата“, стои во писмото на Кристенсен.

Исто така за данските медиуми Кристенсен го објасни својот став кој е опфатен и во писмото.

„Не мислам дека клубовите се обидуваат да измамат некого, но имаше некои ситуации кога организаторите на друг начин ги спроведуваа упатствата. Сепак, ова може да му се случи на секој, ситуацијата е нова за сите. Обично околу 70 луѓе се вклучени во организација на натпреварот, а во моментов не се повеќе од 30. Но ако ги ставите сите нив пред ТВ камерите тогаш секако дека гледачите на телевизија ќе се запрашаат. На волонтерите им е дозволено да бидат во салата но да не привлекуваат големо внимание. Се надевам дека во скоро време ќе можеме да ги отвориме вратите на спортските објекти. Верувам дека завршните турнири во машка и женска конкуренција кои се на програмата во јуни ќе ги одиграме со присуство на гледачи“. објасни Кристенсен.