Данска демонстрира моќ – ја разнесе силната Норвешка со десет гола разлика!

Селекцијата на Данска, која е ривал на Македонија во групната фаза, во победничка атмосфера ќе патува на претстојното Европско првенство.

Избраниците на Николај Јакобсен покажаа моќ и ја совладаа силната репрезентација на Норвешка со 35-25.

Уште на почетокот Данците си го фатија редот, поведоа со 6-3, па 8-4, а потоа до крајот на полувремето стигнаа и до плус шест, 21-15.

Во второто полувреме немаше никаква неизвесност и данските ракометари континуирано ја зголемуваа разликата до конечните плус десет.

На овој натпревар камбек во националниот дрес имаше Расмус Лауге, а голманот Никлас Ландин собра 13 одбрани, иако бранеше само едно полувреме.

Застрашувачки делува процентот на реализација на светскиот шампион, дури 83% реализираа од нападите данските ракометари. Најдобар стрелец беше Магнус Саугструп со шест гола.