Данецот Гидсел најдобар стрелец на Светското првенство со 60 голови

Данскиот репрезентативец Матиас Гидсел е најдобар стрелец на Светското првенство. Тој шампионатот го заврши со 60 голови на деветте одиграни натпревари, а во финалето беше стрелец на шест голови.

На втората позиција заврши репрезентативецот на Чиле Ервин Фојхман со 54 голови на 7 натпревари, атрет е Германецот Јури Кнор со 53 голови (9 натпревари). Данецот Симон Питлик кој во финалето постигна 9 голови стигна до бројката 51 голови.

Бјарки Мар Елисон од Исланд шампионатот го заврши со 45 голови (6 натпревари) на петтото место, додека по 44 голови постигнаа Унгарецот Рихард Бодо (9 натпревари), Алекс Душебаев од Шпанија (9 натпревари) и Кај Смитс од Холандија (6 натпревари).

Најефикасен од македонскиот тим на првенството беше Филип Кузмановски со 37 голови.

Со 92 гола од Светското првенство 2009 година во Хрватска, Кирил Лазаров и натаму е најдобриот стрелец на шампионатите.