Давид Мандиќ го напушта Загреб, Бундес лигата е следната дестинација

Репрезентативецот на Хрватска и член на Загреб, Давид Мандиќ од следната сезона најверојатно ќе настапува во Бундес лигата, а информациите говорат дека тој ќе ја продолжи кариерата во редовите на Мелсунген.

Мандиќ со тимот од Германија се договорил на соработка на три сезони. Со доаѓањето на Мандиќ во Мелсунген, ќе се зголеми и хрватската колонија. Во Мелсунген настапуваат репрезентативците на Хрватска, Марино Мариќ и Домагој Павловиќ.

Во својата клупска кариера, Мандиќ освен за Загреб настапуваше и за Извиѓач. Во репрезентацијата на Хрватска настапува од 2017 година.