Гурбиндо: Првите импресии од Вардар се одлични – задоволен сум од условите, соиграчите, арената…

Вардар ќе игра во финалето на силниот подготвителен турнир во Магдебург, а противник на избраниците на Вујовиќ ќе им биде домаќинот.

Шпанецот Едуардо Гурбиндо за 24Ракомет ги сподели своите први впечатоци од клубот и очекувањата од првата сезона во Вардар.

„Не сум првпат во Скопје, имам доаѓано тука и ми се допаѓа, но ова е првпат да играм  во клуб од Македонија. Во клубот сум само една недела и првите впечатоци се добри, сите се љубезни со мене и немам проблеми. Ќе се обидам да се прилагодам на тимот, за една недела го играме натпреварот со Загреб, тоа е многу важен меч за екипата и морме да бидеме подготвени. Задоволен сум од условите, арената, соиграчите, животот, луѓето, се е добро. Летово немав многу одмор, ситуацијата е малку комплицирана, сите што бевме во Токио трениравме цело лето, бевме на игрите и еве сега сум тука. Засега моето тело е добро, имам мали болки од удари но тоа е нормално, во наредниот период ќе ги средиме овие проблеми и ќе бидам подготвен“, изјави Гурбиндо.

Како нов играч во тимот Шпанецот не зборуваше многу за целите сезонава, туку остави простор постарите играчи во клубот да го кажат тоа.

„Не е едноставно да кажам кои се нашите цели сезонава, јас сум само една недела со тимот, ќе го оставам тоа на поискусните во тимот како Тимур, Столе. Јас во текот на целата кариера одам на победа во секој натпревар, Лигата на шампиони ни е многу важна, ќе се обидеме да стигнеме до осминафиналето, да ја поминеме групата. Исто така многу е важно да бидеме шампиони во домашното првенство за да имаме шанса да играме во Лигата на шампиони следната сезона. Ќе видиме како ќе биде во Лигата на шампиони, има многу квалитетни тимови како Барса, Кил и Веспрем и мораме да го прифатиме тоа“, заврши Гурбиндо.

Шпанецот во дресот на Вардар првиот официјален натпревар ќе го има на претстојниот дуел против Загреб во СЕХА лигата кој се игра за една недела.