Гурбиндо: Вардар е интересен проект и економскиот дел е прифатлив, ќе уживам во Македонија

Најзвучното засилување за Вардар следната сезона е шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо кој доаѓа од француски Нант.

Неговата сопруга Елена е Македонка, и сите коментари беа токму поради неа тој доаѓа во „црвено-црниот“ тим.

„Има луѓе кои велат дека ќе играм Вардар затоа што таа е од Македонија и сакаше да си оди дома. Јас и Елена разговаравме за тоа и ќе останевме во Нант, ако понудата за обновување беше фер. Ми понудија само договор на една сезона, а намалувањето на платата беше многу важен фактор. Но, тоа не беше само тој проблем. Потешко беше што не веруваа во мене. Тие ми понудија една година поради проблемите со коленото и да видат како ќе се развива таа ситуација, а тоа беше навредливо за мене“, вели Гурбиндо за „Нотисиас де Навара“.

Со македонскиот шампион, десниот бек потпиша договор на три сезони.

„Вардар ме контактираше и ми понуди тригодишен договор. Се работи за интересен проект, економскиот дел е прифатлив и ако на сето тоа додадеме дека Елена е од таму и дека можеме да уживаме во нејзиното семејство, тоа е одлична понуда. Отидов и му реков на претседателот на Нант дека имам понуда од Вардар и дека сопругата е од таму. Ако ми понудеше нешто интересно, јас ќе останав затоа што сакав да продолжам“, заврши Гурбиндо.