Гулден во солзи – кажа крај по 224 меча и 846 гола

Најдобрата шведска ракометарка во последната деценија, Изабел Гулден, ја заврши репрезентативната кариера.

Таа го одигра последниот натпревар во дресот со националниот грб против Франција на Европското првенство во Данска.

Во солзи доби честитки од колешките од двете селекции за 13 години поминати во сениорската репрезентација и постигнати 846 погодоци.

Гулден со Шведска стигна до сребро на ЕП 2010 во Норвешка и Данска, и до бронза на ЕП 2014 во Хрватска и Унгарија.

Средниот бек сега ќе се посвети на настапите на клупско ниво за францускиот Брест Бретањ, со кој атакува на место во завршницата од Лигата на шампионите.