Громогласен аплауз за кралот – цел Нант го испрати Лазаров во играчка пензија (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров објави дека по крајот на оваа сезона официјално заминува во пензија.

Имаше обраќање пред присутните во Франција, а истакна дека не жали за трансферот во Нант и го оцени како вистински избор.

„Нант е моја одлична одлука. Претходно играв во големи клубови, но се одлучив на Нант и не погрешив. Играв двапати на Ф4 и Европа го запозна клубот. Француската лига е најтешка и има најголема конкуренција. Се навикнав на клубот и на француската култура. Мојата приказна дојде на крајот. Ова беше тешка, но очекувана одлука. Благодарност до претседателот, играчите, капитените, навивачите. Нант има најдобра публика во Европа. Овој клуб го извлече најдоброто од мене. Клубот и градот ќе ми фалат, ама најмногу навивачите“, истакна Лазаров..

Доби громогласен аплауз од сите присутни – целиот играчки кадар на Нант, раководството, новинарите…

Лазаров утре го игра последниот натпревар за Нант на домашен терен, а воопшто последниот натпревар во кариерата ќе биде големото финале од Купот на Франција против ПСЖ в сабота.