Грац и Фленсбург домаќини на завршните турнири во Лигата на Европа

Завршните турнири во машка и женска конкуренција во Лигата на Европа оваа сезона ќе се одржат во Австрија и Германија.

Грац ќе биде домаќин на женското издание, додека Фленсбург ќе ги собере најдобрите четири екипи кај мажите.

Женскиот Ф4 ќе се игра на 13 и 14 мај во „Рајфајзен Спортпарк“ во Грац, која има капацитет од 3.000 седишта.

Машкиот Ф4 ќе се игра на 27 и 28 мај во „Фленс Арена“ во Фленсбург, која има капацитет од 6.300 седишта.

Австрискиот Грац е трет домаќин кај дамите по Баја Маре (Романија) и Виборг (Данска), додека германскиот Фленсбург е трет домаќин кај мажите по Манхајм (Германија) и Лисабон (Португалија).