Гранољерс приреди нова сензација, ќе се бори за трофеј во Лигата на Европа со Фуксе

Шпанскиот Гранољерс приреди уште една сензација и по елиминацијата на Фленсбург, елиминираше уште еднаш бундеслигаш.

Во полуфиналето токму во Фленсбург, Гранољерс славеше против Гепинген со пресврт во вториот дел со 31-29. Гури постигна девет гола за шпанскиот тим, а по пет за германскиот дадоа Шарац и Козина.

Противник на шпанскиот состав во финалето и борбата за трофејот ќе биде бундеслигашот Фуксе Берлин.

„Лисиците“ го победија францускиот Монпелје со 35-29, иако на полувреме беше нерешено, 18-18.

Ханс Линдберг беше најдобар стрелец со осум гола, додека Матијас Гидсел стрелаше шест пати, а кај Монпелје се истакна Бос и Лен со по шест погодоци.