Градот Келце ги награди ракометарите со по 3.000 евра

Општина Келце, чиј градоначалник е Богдан Вента, некогашен тренер на полскиот шампион, реши да ги награди ракометарите и стручниот штаб по завршниот турнир во Келн.

Секој од ракометарите и стручниот штаб ќе добие по 15.000 полски злоти, или околу 3.000 евра за второто место на Ф4.

Келце загуби од Барселона во финалето на Лигата на шампионите по изведувањето на пенали со 37-35 и остана без титулата.

Ракометарите на Келце и покрај дождливото време во овој полски град, имаа убав пречек од нивните навивачи.