Го смени менаџерот, па потпиша за Вардар

Ракометарот кој беше последното засилување за Вардар, Полјакот Патрик Валчак и понатаму е интересен особено за медиумите во неговата земја бидејќи стигна до редовите на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите од екипа која играше во 2. Бундес лига.

Валчак вели дека бил позитивно изненаден кога дознал дека постои заинтересираност од Вардар за него и коментира дека до трансферот дошло откако го сменил својот менаџер.

„Бев во преговори со неколку екипи кои играат во Првата и во Втората Бундес лига. Сепак, после ова одлучив да го сменам менаџерот. Новиот менаџер ме извести дека има заинтересираност за мене од страна на Вардр. Се разбира се изненадив, но позитивно“, коментира Валчак.

Тој е веќе добро информиран каде доаѓа и што го очекува во редовитена Вардар така што е подготвен за она што ќе претстои во таборот на вардарци.

„Не сум фокусиран на нешто специфично. Во моментов сакам да се подготвам најдобро што можам за да го покажам најдоброто откако ќе се преселам во Скопје. Вардр игра во Супер лигата на Македонија, СЕХА лигата и Лигата на шампионите така што ќе има многу натпревари и сигурно добра минутажа“, вели Валчак за својот трансфер во редовите на „црвено-црните“.

Тој ќе биде конкуренција за Стоилов и Калараш, но и двајцата млади пивоти Атанасовски и Гашовски, кои ќе бидат тука за да помогнат секогаш кога ќе биде потребно.