Запознајте го новиот пикер на Вардар – Патрик Валчак (ВИДЕО)

Полскиот репрезентативен кружен напаѓач Патрик Валчак e најновото засилување за европскиот шампион Вардар. Тој ќе биде триото со капитенот Стоилов и Калараш, што ќе го изнесе товарот на натпреварите од Лигата на шампионите.

Валчак потпиша договор на една плус една година, и би требало да донесе стабилност пред се во дефанзивата на „црвено-црниот“ тим.

Тој ја започна кариерата во тимот на Гдањск, потоа играше за Погон Шчечин, пред да се пресели во Келце во 2016 година. Таму не можеше да дојде во преден план покрај Хулен Агинагалде, па беше позајмен во францускиот Маси.

Во 2018 година потпиша за тимот на Либек, но на крајот на таа сезона овој тим испадна во Втората Бундес лига. Сепак Валчак го одработи договорот до крај и имаше солидни настапи (60 натпревари, 119 погодоци).

За полската репрезентација има одиграно 39 средби и има постигнато 27 погодоци. Настапи на СП во 2017 година, а беше на поширокиот список за ЕП 2020 година. Во следните видеа погледнете со каков квалитет располага најното засилување на Вардар.