Го раскина договорот со ЦСКА Москва и остана без клуб – сега бара хонорарна работа

Репрезентативката на Данска, Катрин Хеиндал, пред неколку дена го раскина договорот со ЦСКА Москва. Од следната сезона ќе настапува во екипата на Есбјерг, додека во преостанатиот дел од оваа сезона најверојатно ќе остане без клуб.

Хеиндал до крајот на оваа сезона нема да може да настапува во шампионатот на Данска. Причината е поради тоа што истече рокот за пријава за нови играчи во преостанатиот дел од оваа сезона во данскиот шампионат.

Крајниот рок беше 14 февруари. Искусната ракометарка го раскина договорот со рускиот шампион веднаш после руската инвазија врз Украина, која се случи на 24 февруари.

„Сѐ уште немам никакви понуди, не ни размислувам за тоа. Пред да започнам да играм за Есбјерг, размислувам дали да најдам некоја хонорарна работа и така да заработам пари или пак да најдам некој клуб само за тренинзи“, изјави Хеиндал за данската телевизија „Спорт ТВ2“.

Репрезентативка на Данска ја напушти ЦСКА Москва