Го победи Еурофарм Пелистер, па си наjде клуб за следната сезона

Aктуелниот тренер на Ним, Франк Морис следната сезона ќе го води Данкерк.

Претседателот на Данкерк, Жан Пјер Вандал за „Л’Eкип“ изјави дека Морис ќе биде нивниот нов тренер наредната сезона.

„Можам да потврдам дека постигнавме договор со Морис. Договорот е на три години. Нашата цел во овој период ќе биде тимот да се врати во европските натпреварувања“, изјави Вандал.

Во Данкерк Морис ќе го замени Патрик Казал кој си заминува после 11 сезони. Негов помошник ќе биде поранешниот тренер на Лимож, Тарик Кајатун.

Со Ним два пати го победи Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа оваа сезона.