Гојун за бесот на Чупиќ: Доби овации, но полуде поради се што се случуваше

Во еден исклучително важен и борбен натпревар Вардар пред четири дена го победи Загреб во Скопје, а завршницата на овој натпревар беше тензична.

Човекот кој долги години ги бранеше боите на Вардар и важи за миленик на скопската публика, Иван Чупиќ во последните моменти од натпреварот ги изгуби нервите. Неговиот соиграч Јаков Гојун ја разбира таквата реакција во толку важен натпревар.

„Го разбирам, полуде поради се што се случуваше. Чупко реагираше, кој може да му замери. Многу ми беше тешко на крајот на натпреварот, не знам колку време му беше потребно да се смири. Од една страна навивачите на Вардар го дочекаа со овации, а на теренот го доживеа тоа што го доживеа. Едноставно не му беше лесно“, изјави Гојун за „Спортске Новости“.

Од Загреб имаа приговори на судењето, па Гојун смета дека одлуките на судиите во финишот се причината за бурната реакција на Чупиќ. Вардар со таа победа го прескокна Загреб на табелата во групата и црвено-црните сега се во многу подобра ситуација за продолжување во следната фаза.

За Гојун сепак ништо не е готово.

„Не е ништо готово. Да, ќе биде тешко, но нема да се предадеме. Примивме само 20 голови во Скопје и тоа е нешто со кое треба да сме задоволни, проблем во натпреварот со Вардар беше нападот“, истакна Гојун.