ГОЛ на денот: Маџовска и Ристовска „режираа“ цепелин (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија загуби од Романија со 31-23 во третиот натпревар од Европското првенство и го заврши настапот.

Сепак голот на денот го постигна нашата Сара Ристовска, со цепелин по асистенцијата на Симона Маџовска.

Македонија беше конкурентна во првото полувреме и успеа да даде силен отпор на фаворизираниот противник.

Погледнете го најубавиот погодок на мечот…