Голужа се уште нема договор – уште двајца тренери во комбинација за жешката клупа во Загреб

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер, хрватскиот првак Загреб го нема решено тренерското прашање.

Иако стартот на подготовките на 24 јули се ближи, Загреб тактизира со името на тренерот што ќе води хрватскиот шампион претстојната сезона.

Договорот на Славко Голужа со Загреб истече на крајот на јуни, а нов не е потпишан со него, пишува „Спортске Новости“.

Според хрватскиот медиуми, покрај Голужа во комбинација за жешката клупа во Загреб се уште двајца тренери.

Покрај тренерот, Загреб кој следната сезона нема да ја носи додавката ППД, треба да го промовира и новиот спонзор.