Голот на Кастратовиќ за голем бод на Струга среде Скопје (ВИДЕО)

Ракометарите на Скопје 2020 и Струга во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа реми, 27:27, во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во Супер машката лига. Избраниците на Адријана Будимир беа во водство од првата, па сѐ до последната минута, на полувреме имаа три гола разлика, 13:10, додека во вториот дел, односно во 40 минута, водството на домаќините беше 19:13.

Струга, која на овој натпревар беше предводена од Владан Кастратовиќ и Жарко Барјактаревиќ, во последниот период од натпреварот се врати во игра.

При водство на домаќините од 27:25, Владан Кастратовиќ постигна два гола за 27:27, а неговиот последен гол, кој беше реализиран на петнаесетина секунди пред крајот значеше голeм бод за неговата екипа во борбата за опстанок во прволигашкото друштво.

Голот за реми на ракометарот од Црна Гора може да го погледнете на видеото во продолжение.

Драматичен финиш, Кастратовиќ во последниот напад ја спаси Струга од пораз кај Скопје