Голман од Скопје ја засили Црвена Ѕвезда

Довчерашниот голман на Скопје, Никола Радовановиќ, во следната сезона ќе настапува во тимот на Црвена Ѕвезда.

Новиот клуб на Радовановиќ во изминатата сезона во српскиот шампионат заврши на 7. позиција на табелата и не успеа да обезбеди настап во плеј-оф фазата.

Радовановиќ беше еден од најзаслужните за обезбедениот опстанок на Скопје во суперлигашката конкуренција и тој во клубот од Белград ќе биде замена за Јанко Гемаљевиќ, кој ги засили редовите на Тиквеш.

25-годишниот голман во својата кариера го носеше дресот и на Динамо Панчево и Рудар Костолац, додека на репрезентативно ниво беше член на младинската репрезентација на Србија.

Црвена Ѕвезда денес ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а освен Радовановиќ, ново засилување е талентираниот Борислав Урта од Динамо Панчево.