Голманка на Металург имаше свадба како од бајките (ФОТО)

Голманката на Металург, Амра Илјаз, која беше една од најзаслужните за освоената титула на тимот од Автокоманда во Купот на Македонија во изминатата сезона, заплива во брачните води.

Амра заедно со нејзиниот партнер Јасмин Терзиќ во саботата направија свадба во еден од скопските ресторани на која беа присутни многу од колешките на Илјаз.

22-годишната членка на Металург наскоро со нејзиниот тим ќе започне со подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе го бранат Куп трофејот од изминатата сезона.

Паузата меѓу двете сезони беше искористена не само од Илјаз, туку и од многу други ракометари и ракометарки да ги потпишат најважните договори во животот.