Голем успех за Гакидова и Сен Маур – ќе играат во четвртфиналето на францускиот Куп!

Тимот на Стела Сен Маур, каде што настапува македонската репрезентативка Ивана Гакидова, го направи најголемиот клупски успех во историјата.

Второлигашот во осминафиналето на Купот на Франција успеа да го елиминира составот на Ноиси откако славеше на гости со 19-23. На овој дуел Гакидова беше стрелец на три погодоци.

Сен Маур во четвртфиналето ќе го има најтешкиот можен ривал, тимот на Брест Бретањ, кој игра одлично оваа сезона во Лигата на шампионите.

Мец ќе се соочи со Нант, Париз ќе игра План де Сик, додека Шамбре Турен во последниот четвртфинален двобој ќе се сретне со Дижон.