Голем триумф за Вардар, го победи Загреб и тргна кон осминафиналето во ЛШ

Ракометарите на Вардар се изборија за победа од 20:19 против ППД Загреб што го искачи шампионот на Македонија на 5. позиција. Вардар одработи одлична средба против цврст противник и ги доби последните минути од средбата со мудра игра.

Како што се очекуваше од почетокот на натпреварот се влезе во израмнета игра и тесен резултат. И двете екипи играа во обид да го контролираат резултатот. Загреб имаше водство при 6:5, но тука десет минути голот на Вардар остана „невидлив“ за гостите така што дојде до менување на контролата на резултатот.

Вардарците во финишот од првиот дел имаа 9:6, но не успеваа да се одржат на плус три бидејќи и гостите успеваа да се вратат во ритам, па намалуваа. При 10:9, Валчак успеа да искористи еден шут за на пауза да се замине со 11:9.

Плус два остана и во 36. минута. Сепак, прво гостите израмнија на 11:11, а потоа Оливие Њокас и Куни Моралес зголемија на 13:11. Тука дојде до мала криза и шест минути без гол при што гостите одново израмнија, сега на 13:13.

Немаше многу простор за голови, па се влезе во период со малку погодоци. Загреб успеа да го преземе водството, но најчесто тоа беше изразено со еден погодок, а Вардар успеваше да израмни. Се играше цврсто и од двете страни така што немаше ниту многу простор за да се дојде до повеќе погодоци така што мораше да се одработи внимателно и за секоја акција да се работи максимално.

Во 54. минута дојде клучниот момент на средбата. Обрван го побара вториот тајм-аут во обид да ги посоветува своите ракометари и доколку се во можност за да дојдат до плус два со што можеби и ќе го решеа натпреварот. Сепак, Ристовски одбрани, а брзо беше постигнат гол од Чувара за нерешени 17:17. Во следниот напад гостите погодија во рамките од голот, па Кевин Њокас го врати водството на Вардар за брзо потоа во контра и Ѓукиќ да донесе 19:17.

Обрван мораше да побара нов тајм-аут, но повторно немаше погодок, па Вардар тргна во напад за плус четири. Во моментите кога се закануваше одземање на топката поради пасивен напад Талески биеше за 20:17 на нешто помалку од три минути до крајот на средбата. Неговиот шут беше од десет метри и Вардар веќе го доби натпреварот. Имаше големи плус три кои требаше со мудра игра да се зачуваат до крајот.

Сепак, место мирна завршница се дојде до непотребно коцкање со среќата. При 20:19 Оливие Њокас загуби топка, а Загреб доби десет секунди за напад. Сепак, времето беше потрошено и беше направен прекршок при што Загреб имаше девет метри за крај на средбата. Вистороп биеше во живиот ѕид, па победата остана за Вардар, а со тоа „црвено-црните“ се искачија на 5. позиција во Групата А од Лигата на шампионите.

23 февруари 2022
20 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 февруари 2022 22:19 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2021/2022 23.02.2022 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611120Победа
ППД ЗАГРЕБ919Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
5Стојанче Стоиловпивот10
6Оливие Њокаслев бек14
7Патрик Валчакпивот03
8Јоел Куни Моралесдесен бек03
9Гоце Георгиевскидесно крило02
10Кевин Њокасдесен бек01
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек20
14Јан Чуваралево крило01
22Жереми Тотопивот01
28Филип Талескилев бек04
31Тимур Дибировлево крило00
33Стефан Крстевскицентрален бек00
44Стефан Додиќцентрален бек00
45Дарко Ѓукиќдесно крило01
 Вкупно 420

ППД ЗАГРЕБ

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Марин Шипиќпивот00
4Филип Висторопцентрален бек01
6Давор Чаварлево крило02
7Давид Мандиќлево крило02
8Адин Фаљиќпивот00
9Лука Ловре Кларицадесен бек00
10Јаков Гојунлев бек02
12Дино Славиќголман00
13Един Клислев бек00
16Филип Ивиќголман00
22Жељко Мусапивот00
24Владо Матановиќдесно крило00
27Иван Чупиќдесно крило13
43Алекс Кавчиќлев бек12
47Сандро Обрановиќлев бек03
55Чаба Лајметердесен бек14
 Вкупно 319

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140