Голем предизвик: Металари и Николовски ќе судат на ЕП во Македонија!

Европската ракометна федерација ги објави судиските двојки што ќе делат правда на Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Дури девет женски двојки и три машки, меѓу кои и македонската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе бидат дел од континенталниот собир.

Арбитрите официјално ќе ги стартуваат подготовките за големиот настан со семинар во Виена од 26 до 28 август.

Металари и Николовски досега судеа на младинските ЕП и ЕХФ шампионати, а ова ќе биде нивниот најголем предизвик во судиската кариера.

Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември во Скопје, Целје, Подгорица и Љубљана, а во македонската метропола ќе се игра една прелиминарна и една група од главната рунда.