Голем пех за Србија – Додиќ го пропушта младинскиот Мундијал!

Репрезентацијата на Србија, која ќе учествува на Светското младинско првенство 2023, ќе настапи без средниот бек Стефан Додиќ.

Екс ракометарот на Металург, Вардар и Охрид, настапот на младинскиот Мундијал ќе го пропушти поради повреда на коленото.

Српскиот селектор Ѓорѓе Теодоровиќ на позицијата среден бек за Светското младинско првенство ќе ги има на располагање Вукашин Антонијевиќ од Целје, Вељко Чабрило од Динамо Панчево и Аљоша Дамјановиќ од Металопластика.

Додиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч, односно МВП на Европското младинско првенство минатата година, во новата сезона ќе ги носи дресот на словенечкиот шампион Целје.

Србија на Светското младинско првенство, кое ќе се одржи во Германија и Грција, ќе игра во група со Мароко, Чиле и селекцијата на Исланд.