Големо признание за Карбеска и Илиева – ќе судат на Ф4 во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави арбитрите за завршните турнири во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Македонската двојка, Силвана Карбеска и Марија Илиева, добија уште едно признание од ЕХФ.

Тие се делегирани да судат на Ф4 во Лигата на Европа што ќе се игра во романскиот град Баја Маре на 8 и 9 мај. Таму ќе играат домаќинот, францускиот Нант, данскиот Икаст и унгарскиот Шиофок.

Покрај Карбеска и Илиева, на Ф4 ќе судат и Врањеш и Венингер од Австрија, Балван и Праштало од Босна и Херцеговина, како и Лидецка и Лесиак од Полска.

Делегати во Баја Маре ќе бидат некогашната ракометарк на Кометал ЃП, Татјана Медвед, Лидија Бојиќ Чачиќ од Хрватска, Људмила Бодниева од Русија и Моника Хаген од Шведска.