Големо засилување во Битола – Еурофарм Пелистер потпиша со руски репрезентативец!

Рускиот репрезентативец Денис Василев е новото засилување за Еурофарм Пелистер.

28-годишниот кружен напаѓач ќе го засили Еурофарм Пелистер на почетокот на следната сезона и ќе се стави на располагање на пелистерци. Договорот ќе има важност до јуни 2024 година.

Василев е дете на Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр. Во тековната сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.

Стандарден член е на руската репрезентација, а на Светското првенство во Египет постигна девет погодоци.