Голема поддршка за Македонија – пристигнаа нашинци од цела Европа (ФОТО+ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија денес го игра вториот натпревар на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Холандија, која на Европското првенство 2022 беше едно од изненадувањата освојувајќи ја 10. позиција.

Македонската репрезентација на денешниот натпревар ќе има голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“ во Краков.

Со оглед на тоа дека е викенд, во Краков пристигнаа и нашинци од Словачка, Австрија, Германија, Унгарија…

Избраниците на Кире Лазаров ќе имаат мотивација повеќе да го остават срцето на терен и да се изборат за поволен резултат против селекцијата на Штафан Олсон.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе започне со почеток од 18:00 часот.