Голден Арт без најдобриот стрелец ќе ја стартува битката за опстанок

Екипата на Голден Арт на стартот во битката за опстанок ќе биде без најдобриот стрелец Ивица Илиев.

Средниот бек, кој во регуларниот дел постигна 55 погодоци за повратникот во Супер лигата, ќе ги пропушти првите натпревари од плеј-аут фазата.

Искусниот ракометар на пријателски натпревар против Тиквеш доживеа повреда на раката и предвидено е да паузира најмалку две недели.

Голден Арт за прв ривал во плеј-аут фазата го има тимот на Вардар Неготино, додека во второто коло ќе се соочи со Јуниор КВ.

Избраниците на Никола Матлиески ќе играат и против екипите на Куманово, Струга, Прилеп, Радовиш и Скопје.