ГОГ Гудме му набива комплекс на Алборг

Данскиот шампион ГОГ Гудме за првпат во долгата клупска историја го освои трофејот во Суперкупот.

ГОГ Гудме го победи дрим-тимот на Алборг со 34-32, иако Хансен, Ландин и колегите водеа на пауза со 18-17.

Најдобар стрелец во триумфот на ГОГ Гудме беше норвешкото лево крило Александер Блонц, кој даде десет гола.

Втор стрелец беше Арон Менсинг со седум погодоци, додека во поразениот тим, Микел Хансен постигна шест гола.

Алборг е ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.