Гледајте Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин за 250 денари!

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ги информираше своите фанови дека утре напладне ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу битолскиот тим и Фуксе Берлин.

Цената на билетите за натпреварот со бундеслигашот е 250 денари. Пелистерци сигурно ќе имаат голема поддршка од трибините, кои секогаш се исполнети до последното место за европските натпревари.

По иста цена се продаваа и билетите за првиот натпревар на ,,фармацевтите” против Архус.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра на 22 ноември, со почеток од 18:45 часот во спортската сала ,,Боро Чурлевски”.

Ракометарите на Ларс Валтер во претходното коло во Лига на Европа беа подобри од Агуаш Санташ, додека на стартот беа поразени од Архус.