Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Турција (ЛИНК)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја очекува првата битка на ЕХФ шампионатот во престолнината на Летонија, Рига.

Избраниците на Раде Стојановиќ за прв ривал ја имаат репрезентацијата на Турција. Освен со Турција, репрезентацијата на Македонија ќе игра и против Косово, како и домаќинот, Летонија, во рамки од групата А.

По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција ќе се одигра со почеток од 19:30, часот, а може да го гледате ТУКА.

*за да го следите натпреварот ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори