Гледајте го во живо натпреварот Македонија – Романија (ЛИНК)

Новата генерација на репрезентативци кои стартуваа со подготовките за претстојните предизвици денеска и утре ќе имаат контроли со соодветната селекција на Романија.

Се работи за генерација на ракометари родени 2004 година и помали. Тоа е пионерски состав, а ова ќе бидат први предизвици за овие млади ракометари од кои се очекува допрва да блеснат на ракометната сцена.

Раде Стојановиќ и Кире Атанасовски имаат момци кои допрва ќе треба да го покажат она што го поседуваат и да напредуваат, а денеска и утре ќе може да се види колку тие имаат како квалитет во моментов.

Средбата почнува од 16:00 часот, а се игра во Романија. Ова ќе биде првиот дуел. Натпреварот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.