Гледајте го во живо натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска од 20:15 часот ќе имаат двобој со Нексе во рамки на осминафиналето во СЕХА лигата, а битолчани мора да надоместат разлика од три гола.

Екипата од Нашице доаѓа во Битола со предност и со желба да се избори за пласман понатаму, но сосема извесно е дека домашниот терен ќе биде предност за Еурофарм Пелистер и на овој дуел ќе има што да се види на теренот.

Се очекуваат полни трибини и ова ќе биде максимално интересна средба. Доколку сè биде според планот ќе може да се очекува радост на крајот од дуелот.

Инаку, овој натпревар оди во пренос на првиот канал на Македонската телевизија, а доколку не сте во можност да го следите пред ТВ приемниците тогаш можете на некој од следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2