Гисласон скрати список – со 19 Германци на ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Алфред Гисласон, денес го соопшти списокот на ракометари за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

На списокот се наоѓаат 19 ракометари, а како што е веќе познато, Пол Друкс, Јури Кнор, Патрик Грецки, Хендрик Пекелер и Фабијан Виде нема да бидат дел од германската експедиција на континенталниот собир.

Избраниците на Алфред Гисласон се наоѓаат во Групата Д. Противници на Германија во првата фаза ќе бидат репрезентациите на Австрија, Полска и Белорусија.

Во подготвителниот период, Германија на 7 и 9 јануари ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Србија.