Гидсел: Сезонава заврши прерано, ама барем сега ќе качам некој килограм

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел од следната сезона ќе го облече дресот на екипата на Фуксе Берлин, но оваа сезона повеќе нема да го облече дресот на ГОГ бидејќи има повреда која ја заработи на Европското првенство.

Гидсел мора да мирува и да почне процес на рехабилитација, а и самиот е свесен низ колку тежок период ќе помине.

„Првите неколку дена едноставно морав да се навикнам на идејата дека повеќе нема да играм ракомет за ГОГ. Сепак, сега се обидувам да размислувам позитивно. Ми недостига физичка сила, но сега имам можност да накачам некој килограм пред да се вратам во нормален тренажен процес поради повреденото колено. Ова е неопходно да се подготвам за тестовите што ме очекуваат во Бундес лигата. За среќа опкружен сум со лекари и физиотерапевти кои се меѓу најдобрите во Данска така што треба само да ги слушам нивните совети“, вели Гидсел.

Од јуни тој ќе игра за тимот на Фуксе Берлин и ќе биде големо засилување за тимот кој ќе се обиде да се вклучи во битката за титулата во Бундес лигата.