Гигов ја „спушти ролетната“ и го однесе ПАОК на Ф4 во Купот

Ракометарите на ПАОК на крилата на Виктор Гигов обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи, кои ќе се борат за освојување на титулата во Купот на Грција откако на свој терен го совладаа составот на Јоникос со три гола разлика, 21:18.

Гигов имаше одлична партија меѓу стативите и натпреварот го заврши со 22 одбрани. Голманот од Македонија се покажа како клучна фигура во својот тим и беше најзаслужен за обезбедената победа, со која ПАОК останува во игра за шампионската титула во Купот.

Останатите екипи кои ќе играат на фајнл-фор турнирот во Купот на Грција се екипите на Олимпијакос и Пилаја.

Последниот патник ќе се знае по одигрувањето на натпреварот меѓу екипите на АЕК и Дукас. Ракометарите на АЕК повторно се главни фаворити за освојување на титулата во Купот на Грција.