Германија во проблеми, ќе бара нов град домаќин за ЕП!

Германската ракометна федерација се најде во проблем пред Европското првенство што треба да се игра во 2024 година.

Поради доцнење на изградбата на новата сала во Минхен, Германците ќе бараат алтернатива за групите Ц и Ф.

Евентуална замена би можела да биде „Олимпијахале“ исто така во Минхен, но се поизвесно е дека ќе се бара друг град домаќин на две прелиминарни групи.

Европското првенство ќе се игра од 10 до 28 јануари 2024 година, а домаќини ќе бидат Берлин, Хамбург, Келн и Манхајм, додека првиот меч ќе се игра во Диселдорф на фудбалски стадион кој ќе собере повеќе од 50.000 гледачи.