Георгиевски одличен, ЧСМ Букурешт пред четврт-финале

Екипата на ЧСМ Букурешт за која настапува репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски вчера го одработе првиот осминафинален натпревар во Челенџ купот и помина одлично на гостувањето во Шведска кај Алингсас.

ЧСМ Букурешт забележа победа со 29:28 и ќе има предност од еден погодок за реваншот кој следната сабота ќе биде одигран во Романија.

На овој натпревар, Гоце Георгиевски имаше одлично издание. Тој беше меѓу најдобрите на теренот и успеа да постигне пет гола. Со нив беше втор стрелец во победничкиот состав.

Резултатот постигнат вчера треба да биде доволен за да се обезбеди лпасман во следната рунда од Челенџ купот.