Георгиевски за своите цимери: Македонија треба да биде горда што имаше вакви борци!

Вчера репрезентацијата на Македонија ја победи Чешка и обезбеди нов пласман на едно Светско првенство, вчерашниот натпревар е посебен и затоа што од репрезентативниот дрес се простија две наши големи имиња, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

Еден од оние кои испрати проака до Стоилов и Миркуловски беше долгогодишниот нивни соиграч Гоце Георгиевски кој исто така е еден од поискусните во репрезентацијата. Гоце во порака откри имал прилика да биде цимер и со едниот и со другиот.

„Едниот клупски другиот репрезентативен цимер. Македонија треба да биде горда што имаше вакви борци што го даваа својот максимум и се бореа за репрезентативниот дрес,вие сте пример за идната генерација како треба да се игра за својата држава,а мене ми претставува особена чест и задоволство што имав таква привилегија да играм со вас и заедно да ги прославуваме сите репрезентативни успеси!“, напиша Георгиевски.

Светското првенство во кое Македонија ќе биде без Миркуловски и Стоилов се игра во јануари идната година во Полска и Шведска.>