Гакидова и Јанеска ефикасни, Коњалти ја продолжува трката за титула со Кастамону

Двете репрезентативки на Македонија, Ивана Гакидова и Моника Јанеска, заедно со екипата на Коњалти беа поразени од Кастамону на првиот дуел од разигрувањето за титулата во шампионатот на Турција.

Коњалти немаше многу среќа и загуби од актуелниот турски шампион со 34:33, но за титулата преостануваат уште два дуели од финалната серија.

Кружниот напаѓач Ивана Гакидова беше меѓу најдобрите стрелци, постигна пет погодоци и одигра одлично во одбраната, додека Јанеска дуелот го заврши со три реалзиации.

Победничката екипа беше предводена од екс репрезентативката на Црна Гора, Мајда Мехмедовиќ. Црногорката воедно беше и најефикасна на дуелот со девет постигнати погодоци.

Вториот дуел од финалето меѓу Коњалти и Кастамону ќе се одигра на 3 јуни, додека третиот на 6 јуни.