Вујо: Знам кој ми ги подметнува лагите…

Веселин Вујовиќ доби отказ и нема да ја предводи словенечката репрезентација на Европското првенство. На ова му преѕодеа лавина критики за односот на Вујо на тајм-аут кон словенечкиот интернационалец во Загреб, Алекс Влах, а медиумите продолжија со вадењето на „нечистиот веш“.

Тој беше обвинет дека уживал да игра покер со словенечките репрезентативци, но условот бил секој што сакал да игра да плати по 300 евра.

„Мислам дека знам од каде доаѓаат тие обвинувања кои се лажни. Кога си заминав од селекторското место, добив добри коментари за мојата работа. Во Сегед бев со моите довчерашни играчи Бомбач  и Габер, ми се јавија Зарабец и Мачковшек и ми ветија дека тие како играчи ќе и се обратат на јавноста и ќе кажат дека тоа не е вистина. Тоа е толку болно, јадно и бедно. На селекторската клупа бев четири години и со тие луѓе нешто направив, нешто што други не го направија никогаш. Не знам што толку лошо направив. Но, најмногу ме навреди тоа што сум ги навредувал и малтретирал ракометарите на тренинг“, изјави Вујовиќ за хрватските медиуми.

Новиот селектор на Словенија би требало да биде познат кон средината на месецот, а во трката остануваат Зорман, Тамше, Пастор…