Вуштрија на Магдинчев славеше против Пролет

Косовскиот суперлигаш Вуштрија, кој во остатокот од натпреварувачката сезона ќе биде предводен од Ристе Магдинчев, денес гостуваше во Скопје.

Избраниците на Магдинчев одиграа контролен дуел против екипата на Пролет и славеа со три гола разлика, 30:27.

Резултатот на денешниот дуел за двете екипи беше во втор план, со оглед на тоа дека пред вториот дел од сезоната двајцата тренери ги проверуваа силите на сите играчи.

Тренерот Лембанов не можеше да смета на неколку повредени играчи, па така поголема шанса имаа помладите ракометари, кои ќе понесат дел од товарот во вториот дел од сезоната.

Екипата на Тинкес Пролет, која првиот дел од сезоната го заврши на 2. позиција во својата група, во сабота ќе тестира против Бутел, додека Вуштрија ќе одигра уште неколку контролни средби.