Втора задача на ЕП за Металари и Николовски, Начевски делегат на дербито на денот

Денеска се играат натпреварите од третото коло од првата рунда на Европското првенство за младинци во Португалија.

Македонски претставници на ова натпреварување се судиите Исмаил Металари и Ненад Николовски, како и делегатот Драган Начевски.

Металари и Николовски ја добија втората задача и ќе го судат дуелот меѓу Норвешка и Полска од 18:00 часот.

На дерби двобојот меѓу Шпанија и Португалија, кој што се игра од 20:30 часот и решава за првото место во групата, делегат ќе биде Начевски.