Врање беше гостин во Велес, славеше над Борец во пријателски натпревар

Прволигашот Борец вчера го одигра првиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона. Гостин во Велес беше екипата на Врање од Србија која триумфираше убедливо со 32:23.

Подобрата игра на ракометарите на Врање во второто полувреме беше пресудна за високиот триумф. На полувреме резултатот беше четири гола предност за гостите, 10:14.

Најефикасни во составот на Борец беа Димче Минов со шест и Лазар Стојанов со пет гола. Тренерот на Борец, Игор Тодоровски го искористи овој натпревар и за проверка на новите засилувања.

Екипата на Борец во наредниот период ќе одигра уште неколку контролни натпревари со екипи од Македонија. Во новата сезона клубот се надева на добар пласман во Првата лига.